Македонскиот пејач Никола Станишиќ од Скопје блесна на сцената на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и обезбеди место во големото финале. Со својот моќен настап и изведба на македонски песни, Станишиќ ги воодушеви и публиката и жирито.
Жирито беше едногласно во пофалбите, нагласувајќи ја неговата емоција, техника и автентичност. „Ова беше настап што се памети“, изјави еден од членовите на жирито, додека друг додаде: „Македонија може да се гордее со ваков глас.“
Финалето на „Ѕвездите на Гранд“ ветува голема конкуренција, а Станишиќ со својот талент веќе се наметнува како еден од фаворитите.
Никола Станишиќ посебно импресионираше со македонската песна од Влатко Миладиновски „Ај да ојме Јано“, а настапот погледнете го во продолжение.




