Македонската одбојкарска репрезентација вечерва славеше со 3-0 над Црна Гора во натпревар од Златната Европска лига, одигран во Струмица. Нашите одбојкари беа супериорни во сите три сета (25-20, 25-21, 25-13), прикажувајќи сигурна и ефикасна игра пред домашната публика.
Натпреварот траеше 91 минута, а Македонија со оваа победа ги зголеми шансите за пласман во следната фаза од натпреварувањето.




