На денешното вонредно собрание на Веслачката федерација на Република Македонија, на предлог на претседателот на ВФМ м-р Коста Хиохи eдногласно беше изгласана Александра Маленко за спортски директор на веслачката репрезентација.
Александра е долгогодишна спортска работничка, поранешна веслачка репрезентативка а моментално ја обавува функцијата тренер во ВК Горица Ремо-Охрид.
И посакуваме успешна и плодоносна работа!





