Искусниот голман Благојче Трајкоски е нов член на РК Бутел Скопје. Тој потпиша договор до 2027 година и доаѓа од редовите на РК Алкалоид.
Трајкоски има 38 години и богата кариера зад себе, со настапи за македонската репрезентација, вклучувајќи го Светското првенство во Франција 2017. Во домашниот шампионат бранеше за Прилеп, Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид, Еурофарм Пелистер и Автокоманда.
Ова е уште едно клучно засилување за Бутел, кој претходно ја продолжи соработката со тренерот Горан Кузманоски и средниот бек Димитар Ѓеоргиевски.




