Кадетската репрезентација Македонија А со триумф го започна меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, совладувајќи ја селекцијата на Катар со 29-25. .

И покрај тоа што губеа со 13-10 во финишот на првото полувреме, младите ракометари успеаја да намалат на 13-12 до паузата. Во израмнет финиш, при резултат 23-23, момците на Кузманоски и Стоилов одиграа сигурно и со серија од 4-1 го решија натпреварот во своја корист




