Ракометниот клуб Ѓорче Петров-ЖРК ја претстави новата голманка во своите редови – македонската репрезентативка Марија Јовановска, која доаѓа од Куманово. Со ова засилување, клубот ја зацврстува конкуренцијата на голманската позиција пред стартот на новата сезона.
Покрај Јовановска, на голот и понатаму ќе настапува и бразилската интернационалка Флавиа Лима Габина, која го продолжи договорот со клубот за уште една сезона.
Од клубот посочуваат дека очекуваат силна и успешна сезона, со надеж за уште поголеми успеси на домашната и меѓународната сцена.




