Младинскиот репрезентативец на Македонија, Славчо Шулески, е нов член на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2. Дваесетгодишниот среден бек доаѓа од редовите на Тиквеш и од јули ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков.
Шулески, кој е роден во Струга и е висок 180 сантиметри, ќе настапува и за македонската младинска репрезентација на Светското првенство што летово ќе се одржи во Полска. Неговото официјално претставување во Битола е закажано на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2, кон крајот на јули.




