Поранешниот македонски репрезентативец и ЕХФ Mastercoach, Ацe Јоновски е именуван за нов главен тренер на втората екипа на германскиот ракометен клуб SGSH DRAGONS, како и за помошен тренер на првиот тим кој настапува во Третата лига.
Со оваа ангажираност, SGSH DRAGONS ги пополнуваат испразнетите позиции по заминувањето на доскорешниот тренер на голмани/помошен тренер Matthias Reckzeh и тренерот на локацијата Mark Dragunski. Јоновски кој има богата играчка и тренерска кариера, ќе донесе нови идеи, современ стил и стручно знаење во клубот.




