ЖРК Чаир се пласира во финале на Купот Македонија ќ. по триумф над Металург Автокоманда.
ЖРК Чаир избори пласман во финалето на Купот на Македонија откако славеше над Металург Автокоманда со 22-20 во полуфиналето на Ф4-турнирот во Радовиш. Во изедначен натпревар, клучна беше серијата од четири гола при резултат 17-17, предводена од одличната Катарина Митровиќ на голот, која запиша 10 одбрани.
Најефикасна кај Чаир беше Теодора Дукоска со осум гола, додека кај Металург се истакна Марија Јанкуловска со пет. Финалето, кое ќе биде реприза на минатогодишното, Чаир ќе го одигра против ЖРК Ѓорче Петров во сабота од 16:00 часот.




