По две години, фајнал-фор турнирот во Купот на Македонија се враќа во Охрид, во салата „Билјанини Извори“. Овој престижен ракометен настан ќе се одржи на 31 мај и 1 јуни 2025 година, со учество на четирите најдобри екипи од сезоната.
Полуфинални парови:
- Вардар 1961 – Алкалоид
🕔 Почеток: 17:00 часот - Еурофарм Пелистер – ГРК Охрид
🕢 Почеток: 19:30 часот
Финален натпревар:
- 1 јуни 2025
🕠 Почеток: 17:30 часот
Домаќинот Охрид ќе се соочи со фаворитот Еурофарм Пелистер, додека актуелниот куп-освојувач Алкалоид ќе се сретне со најтрофејниот Вардар 1961. Овие натпревари ветуваат неизвесни и возбудливи моменти, кои ќе го задржат вниманието на сите љубители на ракометот.




