На 30.05.2025 година во Струга ќе се одржи Државното училишно првенство во веслање во организација на Сојузот на училишен спорт и Веслачката федерација на Република Македонија.
Натпреварите ќе се одржат на регатната стаза „Женска Плажа” во категории „Скиф” и Ергометар за сите ученици од државните и приватни, основни и средни училишта во државава.
Идејата да се иницира организирање на ваков настан во Струга дојде сосема природно бидејќи повеќето клубови на федерацијата егзистираат и функционараат на самото Охридско Езеро, од друга страна целта на првенството е да се поттикне формирање на училишни екипи кои понатаму ќе функционираат и подготвуваат за натпревари, а зошто да не во иднина и да се организира сериозен спортски настан пандан на големата веслaчка трка која традиционално се одржува меѓу екипите на едни од најеминентните светски универзитети- Оксфорд и Кембриџ, вели претседателот на Веслачката федерација на Македонија, г-дин Коста Хиохи.




