Селекторот на женската ракометна селекција Ж17 го објавува поширокт список на ракометарики за претстојниот Европски олимписки младински фестивал Скопје 2025.

Нашата ракометна селекција е дел од групата Б заедно со селекциите Исланд, Норвешка и Швајцарија
Собирот ќе се одржи на 24.05.2025 (сабота) во 12:00 часот во спортската сала Мајка Тереза – Скопје.
На списокот на селекторот Даниела Новеска се најдоа и четири ракометарки на Стружанка: Марија Дуноска, Марија Маркоска, Јана Петреска и Ивана Танеска. Покрај нив се најдоа и триото стружанки од Жрк Вардар: Мила Ристовска, Ивана Трифуноска и Елена Балоска.




