Оваа сабота, на 24 мај 2025 година, со почеток во 18:00 часот во спортската сала во Струга, љубителите на ракометот ќе имаат можност да уживаат во вистински ракометен дерби натпревар. Домашниот состав на РК Струга ќе ги одмери силите со незгодниот противник РК Радовиш во дуел што може да има сериозно влијание врз распоредот на табелата.
Натпреварот ќе го судат најдобрите македонски ракометни арбитри – Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје, додека за регуларноста на средбата ќе биде задолжен делегатот Николовски Ацо / Метапари Камер.
РК Струга, како домаќин, влегува во натпреварот со поддршка од својата верна публика и ќе се обиде да ја искористи домашната атмосфера за триумф.
Очекувањата се дека салата ќе биде исполнета, а атмосферата – електризирачка. Сè е подготвено за вистински ракометен празник во Струга.
Љубителите на спортот не смеат да го пропуштат овој натпревар!




