Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски одигра блескав натпревар и беше херој на Потсдам во победата над Вецлар со 32-28, во меч од Бундеслигата. Иако Потсдам е во опасната зона на табелата и има мали шанси за опстанок, ова е нивна втора победа сезонава – и тоа благодарение на извонредната партија на Томовски.
Томовски го заврши натпреварот со 16 одбрани и фантастична ефикасност од 38%, што го вброи меѓу најдобрите поединци на теренот. Најдобар стрелец за Потсдам беше Елиас Кофлер со седум погодоци, додека кај Вецлар се истакна Доминик Мапес со шест гола.




