Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе ја започна новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки на импресивен начин, со триумф на првата трка што се возеше во Франција.
Трката се одржа во исклучително тешки услови, при што неколкумина од главните ривали на Стефановски излетаа од патеката и претрпеа сериозни оштетувања на своите болиди, што ја отвори вратата за Иџе да стигне до победата.
Следната трка во шампионатот е закажана за 27 април во Австрија, каде што Стефановски ќе се обиде да го продолжи победничкиот ритам.




