Изминатиот викенд, нашите џудисти учествуваа на престижниот меѓународен турнир “Куп Града Сараева” во БиХ, каде што се натпреваруваа повеќе од 600 спортисти од Балканот. Со голема борбеност и посветеност, нашиот клуб се закити со четири бронзени медали!
🏆 Освојувачи на медали:
🥉 Мила Стојанова
🥉 Катерина Клењоска
🥉 Мила Стојмиловска
🥉 Елеонора Јосифоска
Одличен настап имаа и Мелани Јакуповска, Ненад Костоски, Мартина Салви, Леонардо Салви и Сергеј Блажески, кои, иако не стигнаа до медал, покажаа огромен борбен дух и квалитет.
Овој резултат е потврда за континуираната работа и напредок на нашиот клуб. Продолжуваме со уште поголема мотивација кон нови предизвици!
Џудо Клуб Дрим Струга – Гордост на нашиот град!




