ЖКК Струга 2009 славеше убедлива победа на гостински терен против ГКК Охрид со резултат 29:55 (10:16; 09:10; 03:16; 07:13) во рамките на Прва Б лига. Освен во првите неколку минути, стружанки го контролираа натпреварот и постојано ја зголемуваа предноста.
Со оваа победа, тимот и теоретски го осигура второто место на табелата, што значи пласман во баражот за враќање во Прва А лига.
„Честитки за Охрид на фер борбата, а особено честитки за моите играчи, посебно за најмладите Зиба, Таранеши и Даути, кои одиграа на високо ниво и многу зрело. Секако, голем придонес имаше и Американката Вилард, која е вистинско засилување за оваа млада екипа“, изјавија од клубот.
Најдобри стрелци:
✅ ЖКК Струга 2009:
- Вилард – 25 поени
- Зиба – 9 поени
- Даути – 7 поени
- Белкоска и Таранеши – по 4 поени
- Миладиноска, Незири и Муртиши – по 2 поени
✅ ГКК Охрид:
- Ѓорѓиеска – 10 поени
Стружанки сега го насочуваат фокусот кон баражот, каде што ќе се борат за камбек во најсилната женска кошаркарска лига.




