Кик бокс клубот Енерџи од Битола настапи со тројца натпреварувачи на Атина челинџ Европскиот куп во Грција.
Битолчанката Марија Димовска во својата категорија лоу кик до 60 килограми, славеше во финалето против Хелен Каталагариану од Грција и така го освои златниот медал.
Останатите двајца кик боксери Петар Лозановски и Дарко Нумановиќ имаа солидни настапи.




