Жкк Струга 2009 убедлива на стартот од вториот дел на сезоната.
ЖКК Струга 2009 – ЖКК Шкупи
80:57 (18:08;25:06;19:26;18:17)
Добра и убедлива игра , особено во првото полувреме. Малку опуштање во трета четвртина, но најбитна е победата која на некој начин не доближува до баражот за враќање во А лига.
За да ја оствариме таа цел во зимската пауза нашиот тим се засили со две интернационалки: Марија Ристиќ 23 год 193цм од Србија и Тајлор Вилард 23 год 168цм од УСА. Ристиќ игра на позиција центар, ги помина сите репрезентативни селекции на Србија, настапуваше во Арт баскет, Црвена Звезда, Спартак а во насиот тимот дојде од екипата на Шабац која се натпреварува во втора лига на Србија.Тајлор Вилард игра на позиција плеј и бек, доаѓа од екипата Пеја од Косово која се натпреварува во Косовската 1 лига. – изјави тренерот на домашните Владимир Ѓоровиќ
Најдобрите стрелци на нашата екипа беа:
Вилард 27п
Ристиц 20п
Алексиеска 9п
Белкоска 8п
Муртезаи и Незири постигнаа по 6п
Муртиши и Зиба по 2п
Кај гостите најдобра беше Тахир со 15п




