Македонија со фантастична и брза игра со многу голови славеше над Катар.
Машката ракометна репрезентација славеше нова победа на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, совладувајќи го поранешниот светски вицепрвак Катар со 39:34. На клупата на Катар го предводи легендарниот Веселин Вујовиќ.
Кај Македонија најдобри стрелци беа Кузмановски и Пешевски со по 6 голови. Митев и Костески дадоа по 5. Марко Кизиќ забележа 10, додека Никола Митревски 5 одбрани.




