Македонија и Холандија вечерва го играат својот натпревар од 2.коло во групата Д на Светското првенство со почеток од 18 часот.
„Заврши епизодата со Унгарија, ги извлековме добрите работи, лошите ги изолиравме за да ги подобриме. Сега не очекува брза и спремна репрезентација. Ги анализираме, се подготвуваме за нив и ќе се спремиме и ние за да ги спречиме нивните најсилни елементи во играта. Унгарија и Холандија се екипи со различни стилови на игра. Нема да биде лесно, знаат што сакаат. Ние ќе мораме да ја спречиме нивната полуконтра и брз центар и да вимаваме посебно во враќањето кон својот гол. Овој меч ќе ни биде шанса да им вратиме за натпреварот од пред две години и да покажеме дека од тогаш сме напредувале и индивидуално и тимски и да им дадеме на нашите навивачи уште еднаш шанса да се израдуваат“, изјави младото десно крило Ненад Костески.




