Македонија одигра нерешено против Унгарија на стартот од Светското првенство.
Вечерва во Вараждин репрезентацијата на Македонија со нерешен резултат 27:27 против селекцијата на Унгарија, го стартуваше Светското првенство 2025 кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Кузмановски беше најефикасен со 10 гола, а кај Унгарците најдобар беше Илиќ кој реализираше 6 гола. Никола Митревски бранеше фантастично со 12 одбрани.




