Капитенот Филип Кузмановски во пресрет на првиот натпревар на репрезентацијата на Македонија на Светското првенство против силната Унгарија ја даде следната изјава.
„Се подготвуваме за Унгарија од самиот почеток. Знаете дека на првите натпревари на СП понекогаш се случуваат и изненадувања. Мотивирани сме уште од дуелите против Фарски Острови. Си докажавме дека можеме да играме против големи ривали. Тимот дише како еден и сакам да играме најдобро што знаеме. Свесни сме за тоа колку беше тешко да се дојде до овде, поминавме низ најтешкото и сега треба да уживаме“, изјави капитенот Кузмановски.




