Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер славеше против Висла Плоцк со 21-18 и ги зголеми своите шанси за осминафинале во Лигата на шампиони.
Најдобар поединец во тимот на Раул Алонсо беше голманот Никола Митревски со 13 одбрани. Одлични во нападот беа капитенот Кузмановски со 7 гола, пред Тајник со 4 погодоци.




