После победата на гостувањето во Гостивар против истоимената екипа екипата на Жкк Струга 2009 го заврши есенскиот дел на 1. позиција.
ЖКК Гостивар – ЖКК Струга 2009 50-53 (07:10;11:05;10:15;17:15;05:08)
Најдобрите стрелци во нашата екипа беа Хиса и Белкоска со 15 односно 13 поени. Незири забелеза 8п, Цинциќ 6п, Даути 5п, Муртазаи 4п, Алексиеска 2п. Кај домашните : Каранфилоска 17п, Димитриеска 15п.
Последен натпревар во полусезона, секогаш незгодан терен, али некако успеавме после продолжение да забележиме победа. Натпреварот беше со полно пресврти со многу тензија, мислим да нашата физичка припрема пресуди на овој натпревар. Како Х фактор се појавија и 2 наши четринаесергодишни кошаркарки Даути и Таранеши кои дадоа голем придонес до конечна победа,и им честитам за тоа.Моментално на табелата сме изеднацени на 1 место со 5 победи и 1 пораз со екипа на Спорт Тим од Неготино али ние сме подобри во меѓусобен дуел па сме таканаречени есенски ќампиони. Ние сме една од ако не и најмлада екипа во Прва Б Лига за жени ,со просек од 15 и пол години што му дава додатна тежина на нашиот успех. Сакам да им честитам на девојките ,и да се заблагодарам на нашите навивачи и на луѓе што му помагаат на клубот. Меѓутоа за нас нема одмор. Остануваат уште натпревари во јуниорска и кадетска конкуренција и продолжуваме уште посилно да работиме. – изјави тренерот Владимир Ѓоровиќ
ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО
Гостивар – Струга 2009 50:53
Спорт тим – Риниа 94:55
Охрид – Јанбор 81:41
Шкупи – слободен
ТАБЕЛА: Струга 2009 11, Спорт тим 11, Шкупи 10, Охрид 9, Риниа 9, Гостивар 2009 7, Јан Бор 6;
ИДНО КОЛО (01.02.2025)
Струга 2009 – Шкупи
Спорт тим – Гостивар 2009
Охрид – Риниа
Јан Бор – слободен




