ДНК заедно познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и перкусионистот Бока Конга пред некое време ја промовираа својата најнова песна со наслов “Чаршија”.
Песната е авторско дело на Лазар Цветкоски и Панчо и е доста слушана на радиостаниците во нашата земја.
За оваа песна се сними видеоспот во Старата чаршија во Скопје, во кој покрај Панчо и Андреј се појавува и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, диџеите Irie Scratch, Nasty. Режисер на видеоспотот е Огнен Шапковски.




