вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Црн Дрим, заедно со Соколи и Борец Баскет лидери во Втората лига

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
ноември 18, 2024
📁 Кошарка

Соколи 1933 го доби дербито со Ангели (72:68), сигурни победи и за Борец Баскет и Црн Дрим, екипи кои се на делба на првата позиција

Шестото коло донесе мали промени на водечките позиции на табелата во Втората лига.

Ги услови победата на екипата на Соколи 1933 во дерби-мечот против Ангели кој штипјани го решија во своја корист со резултат (72:68).

По шест одиграни кола, штипскиот второлигаш со скор (5-1) е на првата позиција, поточно ја дели заедно со уште две екипи, Црн Дрим и Борец баскет.

И без помошта на своите навивачи во „Нико Нестор“, кошаркарите на Црн Дрим лесно се справија со Академија ФМП. Стружани стигнаа до убедлива победа (90:64), по која остануваат на делба на првата позиција на табелата, сега со ефект (5-1).

Од друга страна, ова беше и шестти пораз за тимот од Струмица.

Приклучок со самиот врв држи и екипата на Борец баскет. Во ова коло велешани славеа на гостински терен кај Работнички 2018 во Скопје, со сигурни (75:65). До петтиот триумф во шест кола ги предводеше најискусниот, Штерјов, кој реализираше 22.поени, а одлични соработници во фазата на нападот имаше и во Чадамов, кој реализираше 17, и Митрев кој додаде уште 14.поени.

Во домашната екипа Шошкиќ постигна 23, а Трајковски уште 11.поени.

Победа, доста важна, извојувана на домашен терен, остварија кошаркарите на Бутел во дуелот со Мега Баскет (84:79), па по шест одиграни кола овие две екипи имаат идентичен скор (3-3).

За тоа им беа потребни дополнителни пет минути откако во регуларниот дел резултатот гласеше (72:72).

Мартиновски постигна 16.поени, Киров 15, Матевски 14, Кнежевиќ уште 10 за Бутел. Во екипата на Мега баскет, поентерски се издвоија: Јаневски, кој постигна 31.поен, и Настевски кој дојде до 18.поени.

Охрид стигна до изненадувачки, убедлив триумф на гостувањето кај Партизан Водно Санс. На охриѓани им недостасуваше само еден поен да стигнат до „стотката“, славеа со (99:71). За пробив кон горниот дел од табелата.

Атанасов запиша 19.поени во гостинската екипа, Пандев имаше 17, Бојовски даде 15, а капитенот Стојаноски уште 12.поени.

Кај Партизан Водно Санс, Митев беше реализатор на 17.поени, Бутемер имаше еден помалку, а Башоски уште десет поени.

МЗТ Скопје Уни Банка го совлада составот на Маџари, на крајот и убедливо (86:76).

Масевски дојде од 27.поени во победничката екипа, а Величковски постигна 18, а Ангеловски уште 14. поени за„сино-белите“ од Аеродром.

На другата страна, Митков реализираше 17.поени, Нацевски 15, а Милков даде 14.поени.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Партизан Водно Санс – Охрид 71:99

Црн Дрим – Академија ФМП   90:64

Бутел – Мега баскет        84:79

Работнички 2018 – Борец баскет        65:75

МЗТ Скопје Уни Банка – Маџари        86:76

Соколи 1933 – Ангели     72:68

ТАБЕЛА: Соколи 1933 11, Борец баскет 11, Црн Дрим 11, Ангели 10, Маџари 9, Мега баскет 9, Охрид 9, Бутел 9, МЗТ Скопје Уни Банка 9, Работнички 2018 7, Партизан Водно Санс 7, Академија ФМП 6; 

ИДНО КОЛО (23.11)

Охрид – Работнички 2018

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Мега баскет – Црн Дрим

Борец баскет – Бутел

Маџари – Партизан Водно Санс

Академија ФМП – Соколи 1933

Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка

ShareTweet
Претходна вест

40 години Меморија! Спектакуларен концерт за паметење (Галерија)

Следна вест

Стружанецот Коскоски со 10 коша и 6 скока во дуелот против Работнички

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ
Кошарка

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Ное/2026
Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби
Кошарка

Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Окт/2026
ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!
Кошарка

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Окт/2026
ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир
Кошарка

ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Сеп/2026
Следна вест
Стружанецот Коскоски со 10 коша и 6 скока во дуелот против Работнички

Стружанецот Коскоски со 10 коша и 6 скока во дуелот против Работнички

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.