Илирјан Асани откако пред неколку дена победи на Диамон Куп Скопје во категоријата Men`s Physique со своите колеги од репрезентацијата замина на Светското првенство во Шпанија.

Стружанецот Илирјан Асани го освои одличното второ место во категоријата Men`s Physique на престижниот Arnold Classic Festival Европа 2024. Европското првенство од 10-ти до 13-ти октомври се одржа во Мадрид, Шпанија.
Инаку Илирјан две години е апсолутен шампион на Македонија во категоријата Men`s Physique Senior на Државното првенство во бодибилдинг и фитнес.




