ЖРК Вардар го доби дербито во 3.коло на младинската лига, откако вечерва со убедливи 30:22 (13:16) успеа да ја победи екипата на Ѓорче Петров МРК.
После три одиграни кола, Вардар има исто толку победи, со што се зацврстува на првото место на табелата. Најефикасни кај понедникот беа Дона Тодоровска и Леона Миленкоска со по 9 голови. Ноели Ангелов одлична на голот со двоцифрен број на одбранети удари.
Мила Ристовска беше стрелец на 6 гола, додека Ивана Трифуноска даде 3 погодоци од триото Стружанки кои играат за Вардар.




