РК Алкалоид се насочува кон европските обврски!
Во рамки на 2. коло од Европскиот Куп на ЕХФ, во првиот меч на домашен терен нашиот тим ќе се соочи со литвански Драгунас Клаипеда. Ривалот пред медиумите го најавија тренерот Кирил Лазаров и капитенот Игор Ѓоргиев.
Кирил Лазаров: „Драгунас Клаипеда игра во висок ритам, со многу трчање и многу голови. Ние сме цврсто на земја заедно со играчите, добро се подготвуваме и можам да ветам дека нема да го потцениме противникот. Очекувам квалитетен меч, убав ракомет за око. Испраќам покана до навивачите, да дојдат во салата Автокоманда и да бидат поддршка на овој млад македонски тим.“
Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Драгунас Клаипеда се игра во сабота (19 октомври) со почеток од 19:00 часот во СС „Автокоманда“.




