Ракометарите на Бутел Скопје остварија значајна победа на тешкото гостување кај Тиквеш во Кавадарци со 23-24. Гостите од Скопје, иако губеа со 23-22 во финишот, сепак успеаја да постигнат два гола и да се вратат дома победнички. Одличен на голот беше Стојаноски, а најдобри стрелци беа Николов со шест, Ѓеоргиевски со пет, како и Димитар Узунчев со четири гола, кој беше и стрелец на решавачкиот победнички гол. Во редовите на Тиквеш се истакна Срѓан Мијатовиќ со осум погодоци
Пролет стигнаа до втората победа сезонава откако на домашен терен славеше над Куманово со резултат 28-25. Андреј Стојановски беше најефикасен кај Тинекс Пролет со шест погодоци, по пет постигнаа Василевски, Шилегов и Бахар, додека прв стрелец на Куманово беше Давид Димевски со фантастични 15 гола.




