Влатко Лозаноски Лозано вчера ја објави својата нова песна „Жолто црвено“, за која има и видео-запис.
Новата песна на Лозано буди емоции кај македонците, а стиховите ќе ви останат во глава со денови.
Зрак, златно сонце да не разбуди
пак, на наше место јас и ти.
И пак, ќе цветаат зумбули
пак, како нови надежи.
Оваа туѓина на мир не ме остава
во душа само празнина ми отвара.
Таму кај што чука срцево,
се вее знаме жолто црвено.
Текстот е на Магдалена Цветковска – Ена, а музиката и аранжманот на Лазар Цветковски.




