Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски, освои сребро на Тирана Опен Г1 во Албанија и ја отвори успешно новата олимписка сезона.
Дејан Георгиевски со две убедливи победи над Насо Марко од Италија и Плонис Артсиом од Белорусија дојде до финалето на Тирана Опен Г1, Албанија.
Во финалето нашиот Дејан загуби од Сотириос од Грција, и така се закити со среброто и доби значајни бодови за олимпискиот ранкинг.




