Викендов се игра најголемото ракометно дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.
„Сите знаеме, нè очекува најголемото македонско дерби в сабота. Можам да кажам дека ние како екипа сме подготвени за секој друг противник. Знаеме што значи овој натпревар, можам да ветам дека ќе влеземе максимално фокусирани. Се надевам дека ќе не заобиколат повредите, ќе бидеме здрави. Пелистер е познат противник, игравме на Струшкиот турнир, ама ова ќе биде поинаква приказна. Се надевам на позитивен резултат, ги повикувам сите љубители на ракометот да дојдат да не поддржат и заедно со нив да се радуваме“, изјави Георгиевски.




