Прекрасен викенд за ЏК Дрим Струга! Освоени 6 медали во Зворник (БиХ) и Алексинац (Србија).
Имено, Викендов настапивме на два меѓународни натпревари “Трофеј Зворника” и “Алексинав 2024” каде што освоивме 6 медали: од кои 2 златни, 3 сребрени и 1 бронзен.
Со медали се закитија:
ЗЛАТЕН :
- Мила Стојанова
- Анамарија Стојмиловска
СРЕБРЕН :
- Амар Бајрамоски
- Мила Стојмиловска
- Елеонора Јосифовска
БРОНЗЕН :
- Софија Матоска
Одличен настап имаа и Давид Спироски, Драгица Рафтоска, Јован Наумоски и Матеј Димитроски но не успеаа да се закитат со медали.
Сакаме да изразиме честитки до организаторите за организацијата и голема благодарност за гостопримството.




