Страхиња Радисављевиќ ќе биде засилување за тимот на Струга во пресрет на новата сезона на голманската позиција.
Српскиот голман има настапи за многу тимови во текот на кариерата. Бранел за Нови Београд, Динамо Панчево, Црвена Звезда, Дубочица , Метали пластика во Србија како и за тимови во Израел и Франција.
Двометрашот Страхиња Радосављевиќ ќе биде големо засилување на голманската позиција за тимот на Танески во битките во Суперлигата.




