Кадетите на Македонија стигнаа до првата победа на Европското првенство М18 кое се игра во Црна Гора.
Избраниците на Наум Танески денес беа подобри од Украина со 26:21.
Голманот Ѓорѓи Николовски со 13 одбрани беше МВП на натпреварот и 42% на успешност. Во нападот најефикасни беа Самоил Ристевски со 8, Дамјан Митев со 6 и Теодор Пецаноски со 5 погодоци.




