ДА ГО ЧЕСТВУВАМЕ ИЛИНДЕН, СПОРТОТ И СПОРТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗАЕДНО!
Драги наши,
Утре е денот кој долго го очекувавме. Ве повикуваме во добро расположение и во што поголем број да го славиме Илинден, спортот и спортските вредности достојно. Да им посакаме успех на натпреварувачите.
Низ програмата на фестивалот со задоволство ќе Ве води Анита Даева.
Воедно, Ве повикуваме на поддршка на чествувањата на Илинден во струшката околија, посебно во вековно Ташмаруништа, затоа што саатницата ни го дозволува тоа.
Нека биде ова наше трето издание уште еден фестивал за паметење создаден заедно.
За многу години! – стои во објавата на Спортски Фестивал Илинден





