Македонскиот голман Виктор Гиго на 45 години потпиша нов договор со ПАОК, клуб во кој брани веќе четири години.
Велешанецот кој потекнува од Борец, кај нас бранеше и за Младост Богданци, Тедико и Југ Куманово.
Има богата интернационална кариера: ИБВ во Исланд, Цриквеница од Хрватска, Аполон во Грција, Короса од Јужна Кореа. Играше и за Мерсин, Кајсери, Селкаспор и Анталијаспор во Турција.




