Мики Секуловски го одржа својот прв голем концерт во Велес!

По огромната поддршка која му ја дадоа велешани во Ѕвездите на Гранд, Мики се заблагодари со голем концерт во Амфитеатарот во Велес во неделата навечер на 21 Јули.

Негови гости беа Андријана Петрушовска, Лина Пејовска и Омар Џафероски. На сцената Мики Секуловски беше придружуван од неколку професионални музичари: Бојан Дичоски (Бас), Дејвид Демир (Гитара), Гоги Мицевски (Бубњеви), Дарко Станојловски (Клавијатура) и нашиот стружанец Бобан Клењоски (Клавијатура)






