Јан Стојановски, го освои првиот златен медал за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика која од 15 до 19 јули 2024 година се одржува во Кутаиси, Грузија.
Одличниот физичар Јан и досега има освоено многу награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, Германија, бронзениот медал на 53. Меѓународна олимпијада по физика одржана во Токио, Јапонија во 2023 година и златниот медал на 5. Балканска олимпијада по физика одржана во Никозија, Кипар во 2022 година.
На 8. Европска олимпијада која се одржа од 15 до 19 јули учествуваа 54 држави и тоа 36 држави од Европа и 18 држави надвор од Европа.




