Со спектакуларен концерт БАХ прослави 30 години постоење.


Во преполна сала во Центарот за култура Браќа Миладиновци во Струга, со годишниот концерт насловен ,,Триесет години љубов“ Студиото за танц БАХ синоќа прослави 30 години постоење.

Со раскошна сценографија соодветна на јубилејот и оригинални костими, на концертот настапија сите сто членови на студиото, а гости беа танцовите студија Dance team fusion и МАК од Куманово и Еureka Dance Company од Скопје.

Публиката која со овации и громогласни аплаузи ги награди баховки, имаше можност да проследи дваесет и пет точки кои изобилуваа со разновидност на стилови.





