Важи за вистинска реткост, но е навистина реалност која вели дека Андреј ќе биде и петта година дел од НЦАА лигата.
Од проста причина што по дипломирањето на Вашингтон Стејт Универзитетот, Јакимовски ја одбра онаа „играчка опција“ која ја нуди ова натпреварување. И сезоната која му „се важи“ како „сениор“ да ја одработи како играч на Универзитетот Колорадо Болдер, односно тимот на овој колеџ – Бафало.
Нуди и мало појаснување, по ова „прашање“, односно дилема:„Нема ништо, би го нарекол, спорно. Факт е дека менаџментот на НЦАА лигата одлучи дека онаа сезона, односно она време на короната не влегува во оној свовиден ‘студентски стаж’ на играчите кои биле дел од натпреварувањето.
И дава можност, која јас ја користам во овј момент, да го продолжам својот престој во САД, како некоја ‘петта година’, пак ќе кажам сето тоа треба да се гледа условно“ – појаснува нашиот млад репрезентативец.
Одлука која Јакимовски ја донесе и поради барањето на тренерот на Бафало, Тед Бојл. И тоа како запознат со квалитетите на македонскиот репрезентативец.„Не беше баш лесна раздлебата со Вашингтон Стејт, екипата, односно средината во која играчки ‘пораснав’. Четири незаборавни години кои ми донесоа апсолутно многу работи во животот, поголем дел корисни за понатамошниот тек на кариерата, во секој случај. Повикот на Колорадо го прифаќам од причина што навистина сакам да ја унапредам својата игра на уште едно повисоко ниво, и максимално подготвен да го дочекам наредното лето во кое предизвикот ми е да се пробам, да се појавам на НБА драфтот. Тренерот Бојл добро ме познава, знае што може да очекува од мене, макар што во изминатите неколку сезони бевме лути ривали на теренот. И тоа треба да е некоја ‘олеснителна околност’ во онаа аклиматизација на новата средина“ – дополнува репрезентативното крило.




