Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, во новата сезона ќе биде тренер на Тримо Требње во Словенија.
Раде Стојановиќ ќе го замени на Урош Зорман, кој се сели во Слован Љубљана кој гради силен тим.
Стојановиќ по завршувањето на играчката кариера ги водеше Металург, Охрид, Катар Спорт, а во моментов е тренер на Тиквеш.




