Во 11.коло од плејофот во Суперлигата во ракомет кај мажите има неколку интересни дуели. Тимот на Вардар гостува кај Струга денес од 17 часот во СЦ “Тими”.
Дерби натпревар се игра во Автокоманда каде тимот на Алкалоид е домаќин на Охрид. Шампионот Еурофарм Пелистер гостува кај Пролет, додека Тиквеш го пречекува тимот на Бутел.





