Стружанка убедливо славеше против последно пласираниот тим на Гевгелија со 41-21 во 19. коло во Женската лига.
Најдобри стрелци во тимот на Стружанка беа Маркоска со 8, како и Далипоска, Затуроска и Лушеска со по 7 погодоци.
Во составот на Гевгелија, најдобра со 6 погодоци беше Шуклева.




