Ракометарите на Охрид го совладаа Бутел 33:28 (18:13) во натпревар од 8 коло од плеј-офот, што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“.
На голот на Охрид блескаше Ѓорѓески со 19 одбрани, во нападот Цирар постигна 6 гола, еден помалку Ојлески и Јукиќ. Филип Николов со 9 погодоци беше најдобар кај Бутел.
На табелата води Еурофарм Пелистер со 23, пред Вардар со 21 и Охрид со 20 бода.




