Звучи неверојатно, но Вардар не загуби ниеден натпревар во првенството на Македонија со јапонскиот репрезентативец Косуке Јасухира во составот.
Двата порази од Еурофарм Пелистер во Битола и едниот пораз од Тиквеш се кога јапонскиот “самурај” беше повреден.
Со него во тимот Вардар го надигра на Еурофарм Пелистер дури трипати, и тоа двапати во Суперлигата и еднаш во натпреварот за трофејот во Суперкупот.




