Шампинот Струга Трим Лум загуби на гости кај Вардар со 1-0. Дејан Ѓуриќ беше стрелец на победничкиот гол за вардарци во 73.минута. Важни три бода за опстанок против голем фаворит оствари и Брегалница која со 1-0 во Штип ја совлада екипата на Шкупи.
Струга и после ова коло останува лидер на табелата во ПМФЛ.
Резултати 26. коло:
Вардар – Струга 1-0
Брегалница – Шкупи 1-0
Македонија ЃП – Шкендија 1-1
Воска – Работнички 1-1
Тиквеш – Брера 3-1
Вчера
Силекс – Гостивар 0-0
Табела: Струга 54, Шкупи 51, Шкендија 49, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 33, Брера 30, Вардар 29, Работнички 28, Воска 28, Македонија ЃП 25, Брегалница 25.




