Неизвесен финиш имаше регуларниот дел од сезоната во Првата лига. Двата наши најтрофејни колективи, МЗТ Скопје и Работнички водеа битка до последното коло.
И двете екипи победија и во финалното, 22. коло од регуларниот дел. МЗТ Скопје беше подобар од Навико Академија ФМП, Работнички пак поуспешен од Гостивар.
А на крајот, пресуди подобриот кош-количник кој го имаат популарните „металци“ во меѓусебниот однос на нивниот најголем ривал низ историјата…
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 67:105
Не препуштија ништо на случајноста аеродормци на најблиското гостување во оваа сезона, она во Кисела Вода. Уште во воведниот период, за само осум минути, се стекнаа со двоцифрена позитива (27:10), што им овозможи малку порелаксирана игра во продолжението од натпреварот.
Се што направија „лавовите“ во продолжението од средбата беше да ја намалат таа негатива на (22:33), како што беше во првите две минути од втората четвртина.
Но до крјаот, на теренот постоеше само една екипа – гостинската. Експресно, во рок од нешто повеќе од пет минути, бранителот на шампионскиот пехар направи недостижни (53:29).
Одлично, во тој дел од натпреварот „одработи“ Робев, кој нанижа 13.поени, и беше првиот „двоцифрен“ играч во гостинската екипа. Во домашната тоа беше Робертс (даде 14).
На полувремето, МЗТ Скопје водеше со повеќе од убедливи (55:33).
Слично се одвиваа работите и во третиот период. Навико Академија ФМП одново имаше неколку добри минути, ги искористи да намали на (49:62). Но не и да ја направи негативата едноцифрена.
Но следуваше нова серија на гостите, сега од (12-0) за враќање на работите „во нормала“, односно предноста на фаворитот беше скоро удвоена, (74:50), а до истекот на тој дел од играта – зголемена на (79:52).
Баковиќ со 19.поени (и седум скока) ја предводеше гостинската петорка со двоен број на поени. Робев запре на 17 реализации (и шест скока), а свои одлични минути имаше троецот млади кошаркари, Андоноски (20.поени и девет скока), Миловановиќ (12.поени и 3.скока) и Петков, кој заврши со 11.поени.
Кај Навико Академија ФМП, Робертс постигна 25.поени, Петровски додаде 13, а Ѓурашевиќ и Димитровиќ имаа по десет реализации.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 22.КОЛО
Вардар – Еуро Никел 2005 67:70
Кожув – Пелистер 80:87
ТФТ Моцарт – Феникс 2010 80:82
Чаир 2030 – Охрид 98:74
Работнички – Гостивар 104:84
Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром 67:105
ТАБЕЛА – ПЛЕЈ-ОФ: МЗТ Скопје Аеродром 40, Работнички 40, Пелистер 38, Чаир 2030 37, ТФТ Mоцарт 36, Еуро Никел 2005 36, Феникс 2010 34, Гостивар 30;
ТАБЕЛА – ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА: Кожув 27, Охрид 26, Навико Академија ФМП 26, Вардар 25 ;
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
(1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар
(4) Чаир 2030 – (5) ТФТ Моцарт
(2) Работнички – (7) Феникс 2010
(3) Пелистер – (6) Еуро Никел 2005
*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“




